- Кајсиите исчистете ги од семките, исечете на помали парчиња, залијте со водата, ставете 1/4 од вкупната количина на шеќер и варете околу 15 мин, се додека добро не омекнат.
- Додадете го остатокот од шеќерот и варете околу 1 час на тивок оган цело време бркајки како би се лушпата на кајсиите целата иситнила, а доколку кајсиите ви биле позелени односно поцврсти, тогаш со стапен миксер измиксате во тенџерето. Нека се вари тој 1 час за кое време е веќе варен, бојата малку ќе се смени, ќе ви изгледа можеби редок, но со текот на ладењето ќе ја добие саканата гутина.
- Ако не ги миксате со стапниот миксер за да добиете мазна смеса, ништо не смета да има и по некое парче. Мене така ми е интересен.
- Кога ќе ја добиете потребната и саканата густина соберете во веќе стерелизирани тегли, затворете, замотајте во крпи обрнувајки ги теглите со капачките надолу.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани