Меленото месо се подготвува на вообичаен начин, се меси убаво да се изедначат состојките и се обликуваат форми. Од оваа количина јас правам 6 на број.
Во намастен сад се ставаат во рерна да се испечат на 180 степени да добијат малку боја.
На страна во сад се мешаат сите состојки за ,,капата,, конзистенцијата на самиот фил му доаѓа како за салата.
Се нанесува од филот одозгора над секое ќофте така да се обликува како мала купола.
Вака подготвени повторно ги враќаме во загреаната рерна да се подзапечат (не многу околу 10 минутки).Најубави се кога се конзумираат топли, во склоп на зелена салата, погодни за ручек, ужина или едноставно како дел за декорирана трпеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови