1. Состојките за ќофтињата се ставаат во подлабок сад и убаво се измесуваат со рака.
2. Со намрсени раце се формираат 6 поголеми ќофтиња.
3. Во загреано, но не многу врело масло, ќофтињата се пржат со затресување на тенџерето, а потоа внимателно се вртат да заруменат од сите страни.
4. Ќофтињата се вадат од тенџерето, а во маслото на среден оган се запржува брашното со постојано мешање додека зарумени.
5. Сега се става мешаниот сув зачин кратко да се запржи, а потоа постепено се тура 1 литар млака вода мешајќи да се добие каша без грутчиња.
6. Штом течноста ќе зоврие, се ставаат ќофтињата, а по неколку минути се дотура останатиот 1/2 литар млака вода. По вкус ако е потребно се достава сол.
7. Се остава да крчка на тивко, а ќофте кашата е готова кога ќе се свари оризот во ќофтињата.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани