Тесто

Во сад ставете го брашното, рикотата и малку сол.
Замесете тесто.

Тестото поделете го на помали топчиња.
Секое топче со раце издолжете го и исечете на помали парчиња.

Сос
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи.
Додајте ја доматната салса и сецканото лукче.
Откако салсата ќе прокрчка додајте го грана сирењето.

Додека го подготвувате сосот паралелно ставете вода со малку сол да зоврие.
Во зовриената вода ставете ги њоките да се варат.
Готови се штом излезат на површината на водата.

Сварените њоки ставете ги во сосот.
Измешајте и сервирајте со наросување на малку грана сирење.

Забелешка.
Количината на доматната салса не ја мерев прецизно, значи од око ставив 150-200мл.
Доколку не најдете готова салса со босилек, можете да си додадете ситно сецкани ливчиња свеж босилек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани