Уште еден начин на вкусна посна салата со њоки.
Благодарност до мојата пријателка Нина која ми вметнува новитети во мојата кујна.
За подготовка на оваа салата е потребно да се зоврие водата во која ќе ги свариме њоките.
Додаваме сол.
Водата врие, па ги додаваме њоките.
Кога се варени се креваат на површината и се вадат со дупена лажица.
Во тавче на страна се растопува палмино масло.
Се земаат њоките и се ставаат на вжештеното палмино масло и благо се промешуваат.
Се посолуваат според вкусот.
Шери доматите се мијат и се сечкаат на два дела па се додаваат во изладените њоки.
Руколата истотака се мие и се кине со рака врз салатата.
Благо се промешува.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови