- Путерот извадете од фрижидер да омекне на собна температура.
- Во садот во кој ќе месите измешајте ги двете врсти на брашно, пецивото и солта.
Додадете ги сите останати состојки, замесете нелепливо тесто, замотајте во фолија и оставете во фрижидер да одстои 1 час.
- Извадете го тестото по истекот на времето, расукајте кора, засечете ја со нож хоризонтално и вертикално. Треба да биде само колку да се добие шарата, не да се исече тестото, само по површината лесно поминете со ножот. Потоа со чаша во големина која ќе ја одредите вие или пак со модла исечете го тестото, ставете во плех, премачкајте со јајцето, посипете со сусам и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 210 степени околу 15-20 мин. зависно од самата рерна.
Препрекрасни се,
Топло ви го препорачувам овие погачки затоа што од путерот имаат посебен вкус, а за да бидат уште поинтересни го чини мешавината на брашната... секако и останатите состојки. Вистинко уживање на непцето, затоа пригответе ги, изненадете се прво себе си, а потоа и останатите околу вас, но секако веќе знам дека треба најмалку да се двојно зголемат состојките.
Маргарин не би ви препорачала да користите бидејки го немаат истиот вкус...
- Јас во овие погачки користам крем сирење кое најчесто го имам по дома.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани