Конечно и јас да пробам нешто со розен кори.
Секогаш ми привлекуваа внимание розенките на Катерина Наскова, кои беа секогаш перфектно и прецизно подготвени. Затоа овој мој прв розен колач го посветувам на неа.
Фил 1
Со малку млеко растворете го пудингот, густинот и 2 лажици од шеќерот.
Остатокот од млекото и шеќерот загрејте ги до зовривање, па додајте ја растворената смеса од пудинг, густин и шеќер.
Мешајте постојано додека се згусти.
Додека е уште топла смесата додајте го путерот и мешајте додека се растопи.

На ист начин подгответе го и вториот фил.

На подлога за торта ставете 1 розен кора, одозгора нанесете од првиот фил.
Ставете друга кора,па врз неа од портокаловиот фил.
Повторете ја постапката додека се потрошат корите и филовите.
Корите филувајте ги брзо додека филовите се топли.
Последната кора не се филува.
Завиткајте го колачот со алуминиумска фолија и одозгора ставете некој тежок предмет.

Ставете го колачот да олади, а потоа прелејте го со глазурата приготвена од чоколадо и путер растопени на пареа.

Оставете малку да се потстегне глазурата, потоа сечете на штангли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани