Кремот од портокал кој е употребен за полнење на мафините е направен според следниот рецепт за Крем од лимон претходно веќе тука објавен. Во наведениот рецепт потребно е само сокот и кората од лимон да ја замените со портокал и ако сакате по вкус да намалите малку од шеќерот.
1. За подготовката на мафините најнапред е потребно посебно да ги измешате сувите, а посебно течните состојки. Потоа се додаваат течните кон сувите состојки и се меша со жица за мешање само колку да се измешаат.
2. Со смесата се полнат хартиените корпи поставени во калапот за мафини. Во зависност од тоа колку ќе ги наполните, од оваа смеса излегуваат околу 12-14 мафини. Се печат 20 мин. на 180Ц.
3. Откако ќе се оладат им се вади средината. Половина од извадена количина се рони со рака да добиете ситни трошки и се меша со кремата од портокал. Со добиената смеса се полнат мафините.
4. Мафините се филуваат со ганаш и се украсуваат по желба, кај мене со карамелизирани парчиња портокал.
5. За ганашот сл.павлака и медот се загреваат и со врелата смеса(не да проврие) се прелеваат чоколадата и путерот. Се меша додека да се растопи и изедначи смесата. Се остава ганашот да се олади и стегне и потоа се користи за филување.
*чашата е од 240 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани