Ова е едно од омилените јадења кај Јапонците, бидејќи се прави брзо, лесно и со едноставни состојки. Убав и вкусен оброк, јас го пробав во појадокот, бидејќи одлично се вклопува и во хроно правилата и комбинациите.
1. Во подлабока тава (може и вок), загрејте 2 лажици маслиново масло на потивок оган.
2. Јајцата убаво изматете ги со жица за матење или вилушка.
3. Додадете зачини, изрендајте го морковот, исецкајте го кромидот и магдоносот и уште еднаш промешајте.
4. Додадете сусам и сончоглед ако милувате.
5. Со лажица црпалка земете дел од готовата смеса и како да пржите палачинки истурете ја во тавата.
6. Кога малку ќе се запече свиткајте ја речиси до половина и околу полукругот додадете уште една лажица црпалка од смесата.
7. Пак нека се испече малку, па пак завиткајте и додека виткате омлетот ќе почне да наликува на ролат (како на дополнителните фотографии).
8. Оваа постапка повторете ја додека да ви се потроши смесата.
9. Кога ќе го додадете и последниот дел од смесата за омлет, оставете омлетот убаво да се испече (внимавајте огнот да ви е тивок).
10. Конечно, целосно завиткајте го ролатот, преместете го на даска, исечете ролнички и послужете.
11. Превкусно е! Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови