Крем фил
- Ставете во сад млекото во количина од 400 мл. да се загрее. Додека се грее сматете ги жолчките со јајцето и шеќерот и ванилата, додадете го густинот и останатите 100 мл. млеко. Добро загреаното млеко тргнете од огнот, додадете ја смесата со јајцата, разбркајте и вратете на огнот да се свари густ крем (како пудинг). Тргнете од огнот, префрлете во друг сад и нека малку олади, потоа додадете го путрот, бркајте додека се стопи истиот во кремот, покријте со стреч фолија директно лепејки за филот за да не ви фати кора - оставете да се лади.
Крцкаво тесто
- Измерете количните и соединете ги. Со шпатула или рака направете тесто, расукајте го помеѓу две стреч фолии или хартија за печење- ставете во фрижидерот.

Тесто
- Во садот ставете ја водата, млекото, шеќерот, солта и маслацот да зовријат, тргнете од огнот - додадете брашното, разбркајте да се смесата воедначи и вратете на огнот да се доработи, тргнете и преместете во друг сад, почекајте да се олади сосема малку и додавајте едно по едно од јацата постојано мешајки со бркалка. Мора да добиете убаво изедначена смеса ( исто како кога се спрема тесто за еклери - и рецептот за тестото речиси е ист)
Оформување
- Крцкавото тесто извадете го од фрижидерот и дозволете да се малку олабави, а потоа со модла вадете кругови на број толку колку што имате еклери.
- Тестото за еклерите ставете во шприц и истискувајте врз хартија за печење со пречник од окколу 3 см, и висина од 1-1,5 см., а потоа на секој еклер ставете по едно кругче од крцкавото тесто.
- Ставете да се печат околу 30-35 мин. во претходно загреана рерна на 180 степени. Врата не ја отварајте.
Печени и малку оладени полнете ги со филот.
Одлични еклери за непцето
Напомена
- Ова е рецепт од интернет. Се наогаат под многу имиња, најчесто француски рецепт се споменува, но јас од една ТВ кука - Савурос ги најдов како Јапонски еклери - за жал морав да и го сменам рецептот за тестото... додавајки 20 гр . плус брашно, воглавнот постапката како се прават ја изгледав до крај.
- И да не се надигнати еклерите како што обично очекуваме - нема страшно, со полнењето на филот ите си ја добиваат формата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани