Многу интересни тортички, кои се прекрасни на вкус а многу брзо се прават.
Го подготвуваме пандишпанот најнапред матејќи ги јајцата со шеќерот и ванилиниот додека станат светло жолти. Потоа го додаваме брашното во кое го мешаме пецивото и матиме до соединување на смесата. На крај ги ставаме течните состојки, а по нив бојата и вкусот.
Печеме во голема тава обложена со хартија за печење на 180степени 10 минути. Јас печев во правоаголна, доколку имате округла уште подобро, така ќе го искористите пандишпанот максимално, бидејќи тортичките се кругчиња.
Кремот се подготвува исто како и пудингот. Ги матиме жолчките со шеќерот. На оган го загреваме млекото и го вмешуваме полека со жолчките за да не се сварат. На тивко се вари кремот постојано мешајќи и кога ќе почне да згуснува додаваме растопен густин во 1 лажичка топла вода. Матиме до посакуваната густина, да е доволно цврсто за да може да се декорираат тортичките со готварски шприц.
Го матиме шлаг кремот и откако ќе олади кремот ги мешаме заедно.
Оладениот пандишпан го сечеме во форми и големини по желба, ставаме од кремот и преклопуваме со уште една форма од пандишпан.
На крајот јас завршив со снег од белки и свежи јагоди.
Доколку се стрпливи би препорачала да си направите пуслици/целувки во големина колку колачињата и да ги декорирате со нив. Така ќе добијат на крцкавост и ќе се надополнуваат.
Од оваа доза излегуваат средни 24 тортички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови