Прекрасна јаболкова пита.
Крцкава одозгора, а сочна и ароматична во средината.
Еве рецепт

Јаболката ги лупиме, па ги рендаме на крупната страна на рендето.
Ги цедиме со раце и ги ставаме во една касерола во која има масло
Го додаваме шеќерот, циметот, морското оревче.
Ги пржиме кратко, со повремено промешување, колку да се изедначат.
По желба може да се додаде и кора од рендан лимон.
Во една мала касерола на тивок оган ги растопуваме маслото и путерот да се изедначат.
Земаме една кора, па со четка ја премачкуваме со маснотијата.
Врз неа ставме втора кора
И неа ја премачкуваме танко со маснотијата.
Земаме трета кора и неа ја ставме, тенко ја премачкуваме со маснотија.
Сега на почеток на кората обилно ставаме од испржените јаболка,
Завиткуваме ролат.
Постапката е иста се додека не го потрошиме целиот материјал.
Со остаток на маснотијата ги премачкуваме ролатите, па ги сечеме на парчиња.
Ги редиме во плех.
Печиме од 25-30 минути во загреана рерна.
За тоа време го подготвуваме шербетот.
Во касерола ги ставаме шеќерот, водата, лимонот.
Од кога ќе зоврие вариме 6-7 минути.
Испечената јаболкова пита ја оставме 6-7 минути да се подизлади, па во 2-3 наврати ја прелеваме со топлиот шербет.
Оставаме на собна температура потоплно да се излади, па сервираме и дегустираме.
Користена е чаша од 250 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани