Макароните сварете ги во посолена вода за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и оставете ги да ладат.
Компирот сварете го, оставете го да олади, излупете го и изгмечете го со вилушка.
Морковот сварете го и исецкајте го на мали коцки.
Исечкајте ја и краставичката и лососот.
Ставете се во тенџере, макароните и целиот зеленчук,лососот, копарот ситно исецкан, малку сок од цеден лимон, сол по вкус и измешајте ја со мајонезот.
На поголема чинија за сервирање распоредете ја во вид на звонче и убаво порамнете ја. Одозгора целата премачкајте ја со мајонез. Потоа со ситно рендан морков и другиот зеленчук украсете го како на сликата или по ваша замисла.
Забелешка
Мајонезот што го употребив во салатава го направив по рецептот на КатеМ и ми беше доволен за цела салата.
Ако не сакате салатата да ви биде во една чинија, ставете ја во две по половина од салатата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани