Уште еден деликатес, овојпат сладок, од српската кујна. Оваа торта во нашето семејство се прави со години наназад и многу е вкусна. Малку е специфична за подготовка, но кога ќе пробате ќе заборавите на тоа. Еве ја подготовката.
1. Најпрво се подготвуваат бомбиците, може и претходниот ден.
2. Маргаринот, водата и шеќерот ги ставаме во сад на оган и мешјаќи ги топиме. Кога ќе се стопат, го додаваме чоколадото и мешаме за и тоа да ни се истопи. Тргаме на страна, па го додаваме кокосот и бисквитите. Мешаме убаво за да изедначиме и оставаме малку да се излади смесата. Потоа формираме бомбици.
3. За корите, белките ги матиме со оцетот, кога ќе запенат го додаваме шеќерот и ванилата. Матиме додека да добиеме убава снежна смеса.
4. Го додаваме брашното и пецивото, презлата и оревите и промешуваме со лажица.
5. Ако сакате повисока торта, печете во помала тава бр. 28, ако не во тава бр. 36. Обавезно обложете со пек хартија. Печете 10 до 15 минути на температура од 180 степени, во загреана рерна.
6. Откако се печени, оставете ги корите да се изладат.
7. За подготовка на филот, најпрво со миксер добро изматете ги жолчките со 100 мл. млеко, со пудингот, со брашното и ванилата.
8. 900 мл. од млекото заедно со шеќерот ставете во сад на оган да зоврие.
9. Додадете ја смесата од жолчки и сварете густ пудинг. Додадете го чоколадото и мешајте додека да се истопи. Оставете ја смесата да се излади малку, потоа додадете го путерот и изматете со миксер.
10. Филувањето оди вака – кора, половина фил, па бомбиците, па другата половина од филот, па втората кора. Втората кора откако ќе ја ставите врз филот, попрскајте ја со малку газирана вода или сок, или со малку млеко.
11. Декорирајте со чоколадна глазура или прелив и со слатка павлака, така што павлаката ќе ја премачкате по страните од тортата, а глазурата врз површината.
П.С Среќна Нова година и среќни празници на сите!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови