Во сад изматете ги сите состојки, убаво да се соединат.
Маслото загрејте го, со мало лажице земајте од смесата, ставете во маслото да се пржи. Готови се кога ќе имаат златно кафеава боја.
Испржени извадете ги на салфетка и валкајте ги во шеќер.

Јас ги валкав во смеса од шеќер, мелени аранчини и цимет.
Доколку не ги валкате во ништо, може да се искомбинираат со нешто солено :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани