Постапка
- Во млакото млеко ставете поливина од количината на шеќерот, квасецот и брашно, размешајте да добиете кашеста смеса, оставете да се активира.
- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, солта, ванилата, додадете го веќе активираниот и стасан квасец. Размешајте, додадете 3 цели јајца и 1 белка (жолчката оставете за премачкување), измешајте, додадете го на собна темепература омекнатиот маргарин (може да го предходно стопите и оставите да олади), сега месете тестото. При крај слободно додадете си 2 лажици масло за да го домесите тестото. Покријте и оставете да стаса.
 ФИЛ
- Ставете го во сад сувото грозје, попарете го и нека одстои до негово убаво омекнување и исцедете.
- Белката сматете ја во цврст снег со 4 лажици шеќер.
- Во веќе испечениот и истолчен афион се додава суво грозје, сецкани ореви, рендана кора од лимон, снегот од белката и целото тоа се меша. Пробајте на вкус, ако не е доволно благо откако сте ја додале белката, додадете мед или шеќер и доовкусете.
Тестото поделете го на онолку дела колку што сакате да правите штрудли. Од оваа количина на тесто слободно направете 4 штрудли.
Расукајте го секој дел во правоаголна форма, филувајте со филот, замотајте како ролат, ставете во плехот во кој ќе се пече. Така со сите делови од тестото. Покријте, оставете да стаса, премачкајте со жолчката која сте ја сматиле со малку вода.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.
Напомена
- Јас замесив половина количина од состојките, го поделив на три дела, направив две мали ролатчиња со афион и едно со јаболка. Малку си играв, ги засеков и едниот го оставив да лежи како што е засечен, а другиот го исправив да засеците бидат нагоре. Ролатчето со јаболката го оставив така додавајки му само некој си орнамент од самото тесто.
Филови од афион има многу. За оние што немаат можност да печат - толчат (така спреман афион е највкусниот) има други филови за кои афионот мора да се кисне неколку пати во врела вода, се премива, се цеди, се меле... понатаму скоро па исто .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани