Измешајте ги јајцата, шеќерот, млекото, зејтинот, ванилата и пецивото.
Додавајте брашно да замесите меко тесто кое не се лепи на рацете.
Тестото поделете го на 3 дела.
Земете го едниот дел и расукајте кора, намачкајте ја со мармалад, замоткајте ја и исечете ја на парчиња долги 7-8 цм. Исто така поновете и со останатите два дела.
Ставете ги штрудличките во тавче, наросете ги со шеќер во прав и печете во загреана рерна на 180 степени 15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови