Штрудла која можете да ја приготвите навечер, да ја печете наутро.

Најпрво спремете го филот - Ставете го рогачот измешан со шеќерот во прав, ванилите и изрендана кора од еден лимон.
- Ставете во касерола млеко да зоврие и попарете го рогачот, мешајте со лажица и ќе додавате млеко се додека не ја добиете потребната густина за премачкување на тестото. Оставете настрана да се лади. филот не треба да е многу густ, треба да е лесен за нанесување и мачкање. Поделете го филот на толку дела колку што ќе го поделите и тестото.
- Квасецот растворете го во млакото млеко.
- Во брашното додадете ги изрендата кора од еден лимон, на собна температура омекнат маргарин или свинската маст, шеќерот и лесно сматените две жолчки. Целото тоа замесете го со запенетиот квасец и млакото млеко. Ќе добиете фино тесто и многу добро за понатамошна работа.
Без да чекате да стасува, поделете го тестото на 3 или 4 дела. Веднаш расукајте го секој дел во правоаголна форма, премачкајте со еден дел од филот, замотајте во ролат. Поставете во тава постелена со хартија за печење. Така постапете и со останатите делови од тестото. Покријте со фолија, изнесете на ладно - не во фрижидер. Нека преноќи.
- Утрото премачкајте ги штрудлите со јајце, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени околу 10 мин. намалете на 180 и нека се пече уште 30мин.
- Нека оладат, посипете со прав шеќер, служете.
НАПОМЕНА
- Тестото е податливо за работа и да го месите со свинска маст воопшто нема да згрешите - напротив, фантастично е.
- Ставајте ги замотаните штрудли на одредена оддалеченост да не се залепат бидејки тие го удвојуваат обемот до утрото. Јас ги разделувам ставајки хартија за печење помегу нив.
- Сакам да кажам за филот, вака спремано тесто може да се премачкува и со фил од афион, од ореви, рогач и јаболка, само рогач, рогач во кој се додава и чоколадо малку (за мене тоа е одвеке) може да изработите белка во цврст снег и да ја додадете кај филот од рогачот, но тогаш се става помалку млеко, трпи и е совршен спој со суво грозје исто така. Денешниот фил го спремив само од рогач и лимонова кора, за да ја добијам саканата густина иако не мерев, но мислам дека ставив околу 400 мл. млеко и нешто повеќе... Млекото мора да е врело и ставајте постапно, не истурајте одеднаш за да не го разредите. Нема мерка за млекото бидејки сум се соочила со тоа дека различно прима истиот, значи не е исти. Многупати сум ставала помалку млеко, изработена белка и мармалад од кајсии... слободно можете за намалената количина на млеко да додадете рендана јаболка... тоа вие изберете.
Важно дека овој рецепт е добар затоа што се меси и спрема одвечер, а се печи наутро, нокно тесто е.
- Зависно за колку број на консументи спремате, прилагодете ја количината на состојките. Секогаш го правам од половина количина и спремам две штрудли сметајки дека е доволно.
Кате - да не беше ти добрата вила...немаше да ја имам оваа пре-прекрасна штрудла-Благодарам!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани