После многу прочитани рецепти за штудли, пити и сл. со вишни, се одлучив за моја комбинација која успешно искочи.

Потребни ви е лиснато замрзнато тесто, кое го има во супермаркетите. Намерно користев купечко, а не направив домашно, бидејќи сметам дека подобро за вакви рецепти.
Тестото се остава да се одмрзне, а во меѓувреме се ставаат вишните и аронијата да се исцедат од вишок сок, со мало и нежно притискање, додека се ставени во цедалка. Јас користев вишни од компот, можете да користите свежи или замрзнати, зависи од сезоната и од изборот. Аронијата е посува и нема да прави голем проблем при подготвување.
Се подготвува пудингот од ванила со 300 мл млеко. 50 мл се за растварање на пудингот, а 250 мл се ставаат да се загреат, заедно со 3 лажици шеќер и ванила шеќер. Одкако млекото ќе почне да врие се става растворениот пудинг и се меша додека да се згусне. На лимен сад, предходно натопен со ладна вода, се става топлиот пудинг и одозгора се става фолија и се распределува на тенок слој. Се става во фрижидер за да се олади побрзо.

Од лиснатото тесто се расукува во тенка кора. Додека се сука, обавезно се просејува со многу брашно, за да не се залепи на површината.

Низ кората се става пудингот од ванила и се распределува низ кората.
Совет- Не го распределувајте пудингот до крај на кората, за да не претече од филот кога ќе ја виткате кората. Распределете макс на 2 см од краевите.

Низ пудингот се распределуваат вишните и аронијата.
Потоа врз нив се ставаат мелени бисквити. (во некој од рецептите пишуваше и плазма или ако сакате може и мелени бадеми, битно е да има состојка која
ќе ја врзе вишокот вода од вишните и аронијата) и 3 лажици шеќер.

Пополека тестото се мота во ролат и се става да се пече на хартија за печење. Се пече на 180 степени, 10-15 мин.

Одозгора се просејува со шеќер во прав.

*Подобро е да се остави 1ч да се олади и да се упие филот во корите и бисквитите, пред да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови