Лесен и вкусен ролат со ровко тесто кое ме потсетува на детство :)

Прво подгответе го филот бидејки треба да се почека да се олади.
За филот, млекото и шеќерот се ставаат на оган. Кога ќе зовријат се додава мелениот афион. Се меша и се остава да се олади.
Белките се матат убаво да згуснат, потоа се додава оладениот фил и се соединува мешајки со лажица.

За тестото
Се матат жолчките со шеќерот, се додава маргаринот на собна температура. Се мати убаво и потоа се додава павлаката. На крај се додава брашното и се замесува тесто.
Тестото се сука со дебелина од околу половина сантиметар, се нанесува изладениот фил, се витка ролат и се пече на 200 степени 20ина мин.

Во зависност од големината на тавата во која што сакате да печете, тестото може да го поделите на помали парчиња или целиот ролат да го пресечете пред печење во големина по желба. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани