Одлични посни колачиња кои редовно се на бадниковата трпеза кај нас. Многу се брзи за подготовка, а превкусни се и се топат во уста.
1. Водата, маслото и екстрактот од ванила измешајте ги и ставете ги во сад на оган да зовријат.
2. Кога ќе зовријат тргнете го садот од рингла и додадете го пецивото, додека смесата уште врие, мешајќи интензивно, да се соединат состојките.
3. Почнете да го додавате брашното постепено. Мешајте со лажица.
4. Кога ќе додадете 700 гр. брашно допрете го тестото, ако се лепи за прстите, треба да се додаде уште брашно.
5. Треба да добиете многу меко тесто.
6. Од готовото тесто земајте по малку и правете топчиња.
7. Плескајте ги на рака, ставајте им по малку (на врв на мало лажиче) мармалад и свиткувајте ги како полумесечинки.
8. Редете ги во плех оболжен со пек хартија после самото виткање.
9. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути, додека да поруменат сосема малку за да се знае дека се печени.
10. Не е пожелно да добијат кафеава боја, но и ако добијат нема да им се смени вкусот, само ќе бидат малку покрцкави, а треба да се меки, да се топат во уста.
11. Шеќерот во прав се меша со ванилата и колачињата се брбелаат додека се топли.
12. Покрај мармаладот, може да ги наполните со јатка орев по желба.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови