Оваа торта е специфична по употребата на турскиот шарен или двобоен кекс. Самиот кекс и дава многу побогат изглед на тортата. Затоа е интересна кога ќе се пресече. Лесна за подготвување и е идеална за љубителите на лесни и не многу благи торти. Од неа има голема количина, така да супер е за кога ќе имате повеќе гости.

Начин на подготовка
Во еден сад се загрева 1л млеко, а со остатокот се раствараат пудинзите. Во друг сад се топи шеќерот до карамелизација и во него се додава загреаното млеко. Одкако ќе се растопи карамелата во млекото, се додава и пудингот и се меша додека да се згусне. Се остава да се олади и потоа во него се додава маргаринот и се мати за да се изедначи смесата.
Во еден сад се мати шлагот со млекото до цврста пена. На крај во него се додаваат павлаките и шеќерот во прав и се мати. Се ренда и една кора од лимон во шлагот за поубав вкус.

1.Во калап се реди еден ред бисквити.
2.Врз нив се става 1/3 од карамела пудингот.
3.Се става еден слој од белиот крем, одприлика 1/3 од смесата.
4.Постапката се повторува во 3 реда
5.На крај се завршува со бел крем
6.По избор се прошарува со течно чоколадо

*Карамела филот мора да биде добро оладен, за да не го стопи белиот фил.
*Турскиот кекс во две бои го најдов кај мене во една продавница, Принц, во други маркети не сум ги забележала.(слика во прилог на рецептата)
*Пожелно е тортата да одстои во фрижидер барем 4-5 часа, за да филовите упијат во бисквитот и поубаво да се сече.
*Ако сакате да го забрзате процесот, ставете ја 1ч во фрижидер, а потоа во замрзнувач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови