Овој рецепт ми го препорача другарка од Украина.
1. Јајцата се матат со шеќер, потоа се додава растопен путер.
2. Брашното се промешува со пециво и ванилин шеќер.
3. Се прави смеса од јајца и брашно и се промешува.
4. Смесата се дели на два дела. Во првиот дел се додава какао и малку црно чоколадо, во вториот дел се додава кокос.
5. Во кугловот се става еднаква количина од секоја смеса.
6. Се пече во претходно загреана рерна 40 минути на 180 степени.
7. Во сад на пареа се ставаат црното чоколадо да се стопи во млеко.
8. Од растопена смеса се премачкува врз цела површина на кугловот.
Јас го направив овој десерт и ги частев роднините. Сите беа задоволни :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови