1. Подготовка на колачот
Се матат јајцата со шеќерот, додека се стопи целосно. Потоа ги додаваме течните состојки, а на крајот сувите и матиме додека се соединат убаво.
Ја делиме смесата на 2 еднакви дела, па во едниот го додаваме растопеното чоколадо, матејќи додека се соедини целосно.
Во правоаголна тава обложена со хартија за печење на средината истураме од кафената смеса, па во нејзината средина ставаме од белата, се така додека се потроши целата смеса и рамномерно се распредели низ целата тава. Со чепкалка може да направите шари по желба. Доколку сакате потенок колач правете го во поголема тава бидејќи при печењето ќе нарасне доста. Јас имав помалку од белата смеса па затоа не е целосно исшарано.
Печеме на 180 степени 25 минути.
2. Подготовка на кремот
Маскарпонето може да си го купите или да си го направите дома, секако е повкусна и поевтина варијанта.
Ја матиме цврсто слатката павлака со кафето, па потоа го додаваме и маскарпонето, матејќи додека целосно се соединат.
Препорачувам да користите високо маслена слатка павлака, бидејќи со растителната нема да ја постигнете потребната густина.
Од оваа доза мене ми излегоа 50 коцкички, во поголема тава каде ќе биде потенок пандишпанот би излегле и повеќе, зависно од големината како ќе ги сечете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови