- Сварете ги јајцата, кромидот заедно со перцата исецкајте го.
- Во садот во кој ќе месите ставете го млакото млеко, шеќерот и квасецот, измешајте и оставете да се запени. Потоа додавајте од брашното во кое сте измешале солта, лесно разматените јајца, замесете тесто, домесете го додавајки од стопениот путер. Треба да добиете убаво тесто кое не се лепи за раката. Покријте и оставете да стаса.
- Откако стасало тестото преместете го на лесно побрашнета површина, без да го размесувате.  Поделете го на 12 еднакви дела. Секој дел со рака развлечете го во долгнавеста форма, наредете во тавката за печење во која ке печете и постелена со хартија за печење, покријте и оставете ги да стасаат.
- Тврдо варените јајца исечете ги на 12 дела и потрудете се да во секој дел има од жолчката.
- Сувомеснатото исечете на тенки парчиња.
Откако стасале лепчињата, премачкајте ги со жолчката, врз секое втиснете од јајцето и сувомеснатото, посипете со кромидот, нашарајте ги со мајонезот, ставете да се печат 15 мин. во претходно загреана рерна на 180 степена.
Пријатен доручек,
СОВЕТ
- Тестото кога го преместувам на работната површина без да го премесувам само со рацете го издолжувам во долга форма како ролат, сечам 12 парчиња трудејки се барем приближно да бидат исти. Ги свртувам со пресекот нагоре и со раката ги оформувам - не со сукало.
- Жолчката за премачкување во садот со четката ја разматувам, додавам по една лажичка вода во неа и пак разматувам, се така додека при подигање на четката не почне да капе сосема ретка смеса или кога ќе ја ставам четката во друга чаша во која има вода - да таа само малку се замати. Тогаш ценам дека е добро приготвена жолчката за премачкување на овој вид пецива.
- Секој не го сака вкусот на печениот млад кромид, заменете со сецкан праз или наједноставно со магдонос, а може и без сите нив.
- Сувомеснато што ќе се најде во фрижидер, тоа користам, а може и шаренолико - шунка, колбас.
- Кога ќе ги ставате јајцето и сувомеснатото убаво налегнете ги во тестото.
- Ги печев во ростер тавата и немаше потреба ниту да намрснувам. За време на печењето мајонезот се топи и покрај тоа што го збогатува вкусот - доволно стануваат и мрсни, така да нема потреба од намрснување на тавата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани