Убави, вкусни и декоративни слатки за прекрасните трпези кои следуваат во овој прекрасен празничен период. Лесни за подготовка и уште полесни за консумирање.
1. Кремот, путерот и чоколадото ставете ги во сад над пареа на оган да се растопат и соединат.
2. Кога ќе се соединат, тргнете ги од оган и од над пареата.
3. Мелените бисквити и украсните трошки помешајте ги, тргнете една лажица од мешавината на страна и додадете ги во белата смеса.
4. Убаво промешајте, оставете да се излади, па формирајте топчиња или со лажичка полнете ги корпињата додека смесата е уште топла.
5. Наросете ги готовите слатки со мешавината од бисквити и трошки.
Добар апетит и среќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови