Ова е нашата омилена салата, количината на зеленчукот може сами да ја менувате во зависност, јас ги напишав отприлика мерките =)
1. Марулата ја миеме и ја сецкаме. Краставицата ја лупиме и ја сечиме на кругови. Доматите, ротквиците, пиперките и кромидчињата исто така ги чистиме и сецкаме.
2. Сите зеленчуци ги ставаме во голем сад во кој ќе ја служиме салатата. Во салатата ја додаваме пченката, сончогледот и семките од тиква. Промешуваме.
3. Зачинуваме со балсамико, маслиново масло и хималајска сол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани