Сварете го оризот во посолена зовриена вода.Ситно изечкајте ги лукот, кромидот, маслинките, краставичките и пиперките на мали коцкички. Откако оризот ќе подизлади измешајте се во еден длабок сад, па додадете ја туната со се маслото.

Направете ја барем еден час пред служење за да можат да се спојат вкусовите. Оставете ја во фрижидер несервирана, во големиот сад каде се спремала. Потоа додадете сол, бибер, масло и лимонов сок кој смета дека сака. Всушност, ако се спрема со конзервирани пиперки, откако ќе отстои, можеби и ќе нема потреба од додавање на лимоновиот сок. Секако, доколку нема во моментот/сезоната конзервирани, можи да се искористат и свежи и тоа во сите бои, па да се регулира киселоста со лимоновиот сок покасно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови