Во топлото млеко ги ставаме шеќерот, квасецот и едно лажиче брашно.
Оставаме да се активира.
Потоа ги додаваме јајцето, солта, маслото, јогуртот и постепено од брашното.
Замесуваме нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да одмори 30 минути.
Потоа сучиме правоаголна долга кора.
Ја премачкуваме со крем сирење.
Врз него ги наросуваме магдоносот и сецканиот спанаќ.
Виткаме ролат.
Го сечиме на парчиња со дебелина од 2 цм.
Ги редиме во круг во тава бр 24 во која има ставаено и хартија за печење.
Оставаме да кисни 15 минути, премачкуваме со јајце и печиме околу 25 минути во загреана рерна.
Ја вадиме на решетка да подизлади, па ја сервираме.
Јајцата беа мошне големи и го поделив како што напишав. Може да се користат и цели помали јајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани