Прво измиеното пилешко месо го ставаме да се вари заедно со морковот, во кое сме додале и малку сол.
Потоа водата ја процедуваме ( може да ја чуваме да ни послужи како бујон за некое јадење).Пилешкото месо го сецкаме на ситни коцкички
Исто и морковот и киселите краставички ги сецкаме на ситни коцкички.
Пченката ја оставаме во цедалка да се процеди од течноста.
Во еден сад ги соединуваме пилешкото месо, морковот, краставичките, пченката.
Во друг сад го спремаме преливот, соединувајќи ги сенфот, мајонезот, павлаката, сусамот и зачините.
Сето убаво го соединуваме и ја оставаме салататат да одстои 30 минути во фрижидер пред да ја послужиме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани