Прво компирите убаво ги миеме и ги ставаме во тенџере да се варат. Од кога се готови ја истураме водата, нека се подизладат, па ги лупиме и сецкаме на коцки.
Ги ставаме во сад, во кој ги додаваме сецканото младо кромидче, црвениот кромид. процедената пченка, сецканиот магдонос.
Лесно промешуваме.
Во сад ги соединуваме сенфот, маслиновото масло, лимон или оцет и сол.
Со овој дресинг ја прелеваме салатата и промешуваме.
Наросуваме црн бибер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани