Прво на загреаното масло го пропржуваме сецканиот кромид, да застакли.
Потоа во еден сад ги ставаме јајцето, изладениот кромид, зачините, месото и исцедениот двопек (кој претходно стоел во ладна вода).
Замесуваме и оставаме смесата да одстои во фрижидер 30 минути.
За тоа време ги подготвуваме останатите состојки.
Листовите спанаќ ги миеме, па многу кратко ги бланшираме.
Ги редиме на кујнска крпа да се исушат.
За омлетот ги кршиме јајцата, ги зачинуваме, го додаваме сецканиот морков и магдонос и го пржиме на загреано масло. Оставаме да се излади.
Врз проѕирна фолија го расплескуваме месото, врз него ги нанесуваме листовите спанаќ, па омлетот.
Завиткуваме во ролат.
Ролатот го ставаме во тава, налеваме малку масло и вода околу 100 мл и печиме на умерен оган околу 40 минути.
Оставаме малку да се излади па сечеме на парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани