- Во сад се истура млекото и се става на тивок оган. Кога ќе почне да врие, се додава путерот. Нека продолжи да врие околу 5-6 мин. Се додава искршено на коцки чоколадо, нека се стопи и спои во еднолична смеса. Се додаваат двете лажици шампањско.
Павлаката и се вари додека не почне да се гледа дното кога го мешате. Тргнете од огнот, исурете ја добиена смеса во поширок сад за да се излади побргу. Нека одстои најмалку 4 часа.
Земајте со лажица од веќе оладената и прилично стврдната смеса, правете бомбички, а валкајте во тоа што ќе си одберете вие.
Напомена
- Навистина е потребно како најпрво да се вари до доволната густина, а потоа да се даде шанса да се добро олади и стегне како би можеле да правите бомбички. Не очекувајте дека тоа ќе биде баш тврда смеса, не- таа е мека, но ако ги намрсните рацете со путер, ќе можете да формирате формата и веднаш ставајте во од вас избраниот продукт за валкање. Кај мене како што гледате не е се добро залепено од проста причина... таман почнав да ги валкам...од празнични причини бев спречена да ја довршам работата, по што веќе не можеше да се лепи за нив ништо, па дури ни перлите.
- Ги правев и со путер и со маргарин. Јас сум позадоволна од конизистенцијата на смесата со маргаринот, малку поцврсти, додека со путерот помека смесата останува, но така треба да биде-помека. За трпеливите препорачувам користење на путерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани