Чупавци кои бараат можеби малку повеќе работа, спори се за подготовка, но затоа крајниот ефект е одличен.
Прво листот обланда го кроиме, односно со остро ноже ја одстарнуваме вишокот обланда од топчето.
Оставаме на страна.
Во една касерола ги соединуваме водата, шеќерот, путерот, чоколадото и ги ставаме на тивок оган да се соединат.
Во вангличка на страна ги матиме двете белки, па го додаваме шеќерот, пе една по една жолчка.
Сега во еден сад ставаме малку вода и го ставаме на оган да врие.
Врз него ја ставаме касеролата каде се растопуваа состојките, па ги додаваме изматените јајца.
Мешаме над пареа се додека не почне смесата да се згуснува.
Тргаме од оган и од кога ќе се излади, ја остаавме во фрижидер на 2 часа.
Потоа со миксер ја матиме 1-2 минути.
Половинките рафаело обланда ги полниме со кремот.
Во едната половинка ставаме зрно лешник и ги спојуваме.
Секое топче го потопуваме во растопеното чоколадо, па го валакме во лешниците.
Оставаме во фрижидер на 30 минути па послужуваме.
Кремот е соовршен, може да се користи за торти, колачи, сладоледи....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани