Сувите печурки ставете ги во жешка вода 20 мин да омекнат. Потоа исцедете ги и исплакнете ги со чиста вода.
Компирите и морковот излупете ги и исечете ги на плочки, а празот и лукот исецкајте ги на ситно.
Во тенџере каде ќе е варите чорбата малку загрејте го маслото и пропржете ги празот и лукот колку да пуштат мирис. Потоа додајте ги печурките, компирите, морковот, зачините по вкус и водата. Оставете да се вари додека зеленчукот омекне, некои 30 мин.
Кога зеленчукот омекнал, изблендирајте го во густа каша-чорба.
Готовата чорба послужете ја топла со салата по желба и луто маслиново масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани