Во колекцијата на посни чорби од зеленчук ми недостасуваше и една со карфиол, па си ја направив овие денови. Ваквите чорби најпогодни ми се за спремање посебно сега кога е време на пости.
Водата ставете ја зоврие. Потоа додајте ги компирот и морковот излупени и исечкани на плочки. Оставете ги да варат 10 мин а потоа додајте го карфиолот искинат на помали парчиња, празот, лукот и кромидот исечкани на ситно, магдоносот, маслото и зачините по вкус. Оставете ги да се доварат уште 15-на минути да омекнат.
Сварениот зеленчук изблендирајте го. Добиената чорба послужете ја топла со салата по желба и потпечено лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани