Зимно време, период на супите и чорбите. Барем во моето семејство е така....
Рецептот кој денеска ќе го споделам е вкусна чорба,во која можете да употребите свежи,но и намирници од теглите.
На лажиче путер го запржуваме ситно сецканиот кромид.
Можете и да го изблендирате, по желба.
Откако ќе ја добие таа стаклена боја, додадете мало лажиче брашно и добро промешајте.
Во нутрибулет ставете ги парчињата аспарагус, лукчето и брокула и блендирајте.
Готовата смеса додајте ја во садот на оган, притоа додавајќи и 1 литар топла вода.
Зачинете само со црн бибер и сол. Оставете нека зоврие.
На здравје со вкусната чорбичка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови