1. Рерната се вклучува да се загрее на 180 степени.
2. Во два длабоки сада се делат белките од жолчките.
3. Во садот со белките се додава шеќерот и се мати додека не се добие густа смеса (додека не се стопи шеќерот)
4. Во помал сад се мешаат пецивото, брашното и афионот.
5. Брашното се додава во белките и се промешува внимателно.
6. Тестото се става да се печи околу 30 минути.
Фил
1. Млекото се става на оган да се загрее.
2. Во садот со жолчките се ставаат 10 лажици млеко густинот и прашокот за пудинг.
3. Убаво се промешува за да нема грутчиња.
4. Кога млекото ќе зоврие се тргнува на страна и му се додава смесата (постојано се меша) и повторно се вреќа на оган додека не се згусни смесата.
5. Пудингот и пандишпанот се оставаат да се оладат целосно.
6. Откако кората е убаво оладена од неа се вадат 2 ремени.
7. Во длабок сад се става путерот се мати додека стане пенест тогаш во путерот се додава и растопената чоколадо и оладениот пудинг.
8. Сето заедно се мати до добивање на хомогена смеса.
Формирање на тортата
1. Ред кора ред фил ред бисквити па пак фил и на крај кората.
Горната кора се премачкува со мал слој од филот и се глазурира со чоколадо.

-дозата е за тавичка 30 на 20 сантиметри.
-рерната мора да е загреана на 180 степени
-Тавичката ако не е делимано задолжително да е обложен со хартија за печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови