Ова е роденденска торта на мојата ќерка Еми која наполни 17 години.
Се прават прво корите. Се матат јајцата со шеќерот и се додава брашното кое е помешано пецивото и какаото. Се меша со шпатула и се додава на крајот маслото. Ова е за еден пандишпан. Се прават уште два исти пандишпана.
1Фил
- Во длабок сад се става киселата павлака заедно со шеќерот и се меша полека-НИКАКО СО МИКСЕР. Се додават мелените бисквити и убаво се промешува.
2Фил
- Се мати слатката павлака со миксер
3Фил
- Во сад на оган се ставаат вишните и шеќерот и се варат 5мин. Потоа се додава нишестето измешано со малку вода и се вари додека да згусне.
Подготовка
- Се става прво по три лажици од чоколадното млеко на секоја кора да се впие. Се реди тесто, вишни,1 фил, слаткапавлака ,пак тесто...... Одозгора се украсува по желба. Наздравје!
ПС
-Торта лесна и БЕЗ МАРГАРИН - нешто најубаво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови