Префинета... фантастична... чоколадна... ментол фаџ-торта!!!
Си ја исфантазирав чоколаднава торта и си ја направив. Не одзема многу време за подготовка, но и крајниот резултат е феноменален, мами воздишки и е комплетно чоколадно уживање со нијанса на ментол.

Подготовка

Најпрво ги подготвуваме палачинките за да ни се изладат.
1. Сите состојки за палачинките убаво ги промешуваме и ги пржиме во намрсена нелеплива тава. Потребно е да направиме само три палачинки.

За авокадо минт филот.
1. Желатинот го растопуваме во 2-3 лажици вода. Во чашката за нутрибулет го ставаме исчистеното авокадо, листовите нане, стевиата и киселата павлака. Сето ова го блендираме.
2. Набабрениот желатин го ставаме 5-6 секунди во микровална да ни се растопи или на ниска температура на рингла. Го ставаме во кремот од авокадо и повторно блендираме да се соедини смесата. Овде ја ставаме и зелената боја, се разбира по желба.
3. Палачинките ги сечеме за да добијат форма на квадрат. Ги премачкуваме со авокадо филот и ги завиткуваме.

За чоколадниот дел
1. Кондензираното млеко заедно со путерот и ванила екстрактот ги ставаме убаво да се загреат. Во загреаното млеко го ставаме чоколадото исечкано на коцки. Мешаме додека да се растопи.
2. Во силиконски калап истураме дел од смесата, ставаме една палачинка. Потоа пак ставаме дел од чоколадниот дел, па двете палачинки ги редиме и на крајот остатокот од чоколадната смеса. Калапот го ставаме во фрижидер убаво да се стегне тортата.

Забелешка
Ако немате силиконски калап ставете најлонска фолија на вашиот калап или тавчето во кое ќе го правите рецептот.
Рецептот го правев навечер и до следното утро беше стегнат.
Голема благодарност до Наталиа Нацева од која на подарок го добив ова прекрасно кондензирано млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани