Овесното млеко има многу придобивки од кои за мене една од најважните е подобрување на лактацијата.
Овесот се става во водата да отстои 10 минути па се блендира. Се додава какаото, медот и нането. За поблаго може да се користат и урми. По вкус, може да се додаде и ванила екстракт, цимет и сл.
Млекото се цеди низ газа и се чува во фрижидер до 3 дена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови