Помешајте го брашното со содата бикарбона, какаото и потоа додајте го мармаладот од сливи, ванилата маслото и млекото и се добро изматете со миксер.
Добиената смеса поделете ја на 3 дела и ставете на тавче со хартија за печење да се пече 7-8 минути на 180ц на истиот начин испечете ги преостанатите две кори

Фил
Растворете го прашокот за пудинг со малку од млекото, а во преостанатото млеко ставете го шеќерот и ванилиниот шеќер и ставете да врие.
Откога ќе зоврие ставете го пуднгот и варете додека се згусти. Оставете го да се излади и потоа изматете го со маргаринот.
Се филува корите, а на последната кора не се става од филот.
Се остава да се излади и потоа се сечат штангли.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови