Во нутрибулет ги ставаме бананите и ги пасираме.
До колку немате нутрибулет, убаво изгмечете ги со вилушка.
Во еден сад го ставаме путерот да се растопи.
Во друг сад го стаавме јајцето и шеќерот и матиме 2-3 минути.
Со исклучен миксер ги додаваме растопениот путер, пасираните бананани, сецканото црно чоколадо, солта, пецивото, содата, брашното.
Со лесни движења со шпатула сето го соединуваме.
Во калап за мафини ставаме алуминиумски форми.
Ставаме по 2/3 од смесаат во висина на модлата.
Ги печиме околу 20-23 минути.
Ги вадиме на решетка да се изладат.
На тивок оган ја загреваме слатката павлака,
Потоа го додаваме кршеното чоколадо.
Соединуваме.
Оставме во фрижидер на 40 минути.
Потоа кремот го матиме со миксер.
Го ставме во готварски шприц.
Ги декорираме мафините.
Во срединаат ставаме кругче банана и ливчиња нане.
На здравје овие кревки и вкусни мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани