Прво јаткастото овошје го потпекуваме во рерна, го лупиме и го мелиме.
Сега ги растопуваме чоколадото, путерот, медот на тивок оган.
Оваа смеса ја ставаме во сад за стапчест миксер или нутрибулет и тука ги додаваме сувите овошја и какаото.
Процесираме сето убаво да се изедначи.
Оваа смеса ја соединуваме со мелените, лешници, бадеми...
По потреба налеваме од свежо цедениот сок од портокал.ги додаваме зачините.
Оставаме да се излади смесата, за да утврдиме дали е потребно уште сок.
Формираме бомбици и ги оставаме да се просушат 2-3 часа.
Потоа ги декорираме со растопено бело чоколадо.
Сервираме во хартиени кошнички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани