Оваа прекрасна торта ја подготвив за роденденот на сестра ми, кој беше минатата недела. Јас секогаш за родендени правам големи, богати торти, бидејќи за мене роденденот е посебна прилика за славење.

Подготовка на тесто
1. Се матат белките со шеќерот, во цврста пена. Потоа едно по едно се додаваат жолчките.
2. Се додаваат и течните состојки, млеко и масло и повторно се мати се убаво.
3. На крај се додава брашното и пецивото и се меша со лажица, како и какаото.
4. Се пече во капал бр,26, на 180 степени, 25-30 мин.

Фил
1. Се подготвува пудинг, од млекото и нугатот. Во топлиот пудинг се додава чоколадото и се меша да се растопи. Се остава убаво да се излади.
3. Се мати слатката павлака, во убава цврста пена. Во тенок слој се додава желатинот.
4. Потоа се додава лажица по лажица павлаката во пудингот и се меша убаво со лажица, при тоа да остане пенаста смесата, за чоколадна мус крема.

Сос од капини
- Капините се ставаат на тивок оган, со шеќерот, се мешаат и се убаруваат на кратко, додека малку да се згусне смесата и да се растипи шеќерот.

Ганаж
- Слатката павлака се загрева, но не се врие. Во неа се додава маргаринот да се растопи. Топлата смеса се истура врз ситно сецканото чоколадо и се меша да се растопи убаво.

Редење на тортата
Во калап бр.28 се става првата кора.
Врз неа се става половина од сосот од капини, за да се впие во тестенцето и го намокри убаво.
Потоа се става половина од филот.
Повторно кора, сос од капиини и фил.
Се остава да се излади убаво и на крај се прелева со ганаж.

Оставете дел од ганажот на страна, бидејќи имате поголема количина, нека се излади убаво во фрижидер, изматете го и со готварски шприц украсете ја тортата.

Совет- тортата е подобра за послужување кога е добро оладена, бидејќи во лето е вистинско освежување. Ако ја спремате во зимски период, тогаш доволно е само да биде оставена една вечер во обичен фрижидер.
*Последната фотографија е од смрзнато парче торта, кое се исече совршено и слоевите многу добро се познаваат, како и капините.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови