Еве едни вкусни чоколадни јајца направени за дечињата.
Се вари најпрво сируп од шеќерот и водата. Ова треба да врие 5мин. Се трга на страна, се додава маргаринот и се меша додека да се растопи.
Потоа се додаваат мелените бисквити и мелените лешници. Ова смеса е течна, но таква треба да биде. Се додава и искршената чоколада и румот. Се остава да се олади и се формираат јајца со рацете.
Се замрзнуваат и потоа се глазираат.
Глазура
-На пареа се топи чоколадата со маслото и внатре се додава изматеното јајце. Убаво се меша и се глазираат колачињата. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани