Подготовка
1. Најпрво подгответе го ароматизираниот шеќер и тоа минимум 1-2 дена пред да ги правите штанглите. Потребно е само да се измешаат шеќерот, ванилата и вискито. Потоа смесата се распоредува на хартија за печење и се остава на собна температура течноста да испари. Ќе добиете шеќер со блага арома на виски.
2. За штанглите, чоколадото се сецка на парчиња.
3. Во сад на оган се загреваат млекото, путерот, вискито, прстофат сол и ванила додека да проврие. Се додава сецканата чоколада и се меша додека смесата да се соедини и да се згусне.
4. Потоа се истура во правоаголен сад за печење (или силиконски калапи за пралини), се посипува со ароматизираниот шеќер и се остава да се стегне прво на собна температура потоа во фрижидер.
5. Кога е убаво стегнато може да го исечете на парчиња и да го послужите.

• Шеќерот може да го ароматизирате и со додавање на бренди, ликер со овошје, кафе...или пак ако не сте љубител на алкохол во колачи и сосем да го изоставите од подготовката на штанглите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови