Кревки, вкусни колачиња, погодни за попладневно кафе или чај.

Во еден сад ги соединуваме јајцето, шеќерот, ванилата, омекнатиот путер, солта, ренданото чоколадо,пецивото и брашното.
Замесуваме нелепливо мазно тесто.
До колу има потреба додадете една лажица ладно млеко.
Завиткајте го тестото и оставаете го во фрижидер 30 минути.
Потоа се сучи кора со дебелина од 3-4 мм и со калапче се вадат месечинки.
Се редат во ненамастен плех.
Се печат од 9-11 минути, не смеат да подизгорат, бидејќи ќе горчат од чоколадото.
Испечени ги оставаме да се изладат.
Сега ја подготвуваме глазурата.
Над пареа ги растопуваме чоколадото и маслото.
Секоја месечинка ја потопуваме во чоколадото и нежно го наросуваме со ситен кокос.
Ги редиме на тајнир и ги послужуваме.
На здравје Јас чоколадот го ставив во Нутрибулет и беше готово за 3.4 секунди.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани