Одлично спакована хронерска ужинка.

Подготовка
Бадемите кратко ги потпекуваме на средна температура на рингла. Секое бадемче го ставаме во сува кајсија.
Чоколадото го топиме на пареа, во микровална или на најниска температура на рингла. Секоја кајсија ја потопуваме во чоколадото и ја ставаме на мрсна хартија или решетка. Оставаме да се стегне чоколадото во фрижидер.

Забелешка
Бадемчињата со остриот врв лесно ги вметнуваме во отворот од кајсијата, таму кај што и била дршката. Значи нема потреба да ги отворате целосно кајсиите.
Имав купено малечки суви кајсии. Има и големи суви кајсии, кои може да соберат повеќе бадеми.
Можете заради декорација, да насечкате и некоја кајсија па откако ќе се стегне малку чоколадото да го посипете со нив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани