Растопете го чоколадото со маслото.
Премачкајте го калапот за пралини со чоколадото и оставете ги во фризидер да се стегнат. Постапката повторете ја неколку пати за да добиете подебел слој.
Слатката павлака изматете ја со сокот од боровинки.
Во калапот во секоја од пралините ставете по една сува боровинка.
Со помош на шприц наполнете ги пралините со филот од боровинки.
Прелијте ги пралините со преостанатото чоколадо и ставете ги да се затегнат во фрижидер.
Извадете ги нежно од калапот.

*Ако немате суви боровинки можете да ставите било кое овошје по ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани